• e diel, 07 korrik 2024

Поради дефект на водоводната мрежа утре од 8 часот без вода жителите од неколку улици во Општина Гази Баба

Поради дефект на водоводната мрежа утре од 8 часот без вода жителите од неколку улици во Општина Гази Баба

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје,  известува дека без вода утре ќе бидат корисници од неколку улици во Општина Гази Баба.  

Поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150мм, на ул. 16-та Македонска Бригада бб (Парк Шума Гази Баба), од 8:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа, Трифун Хаџијанев и дел од потрошувачите од улица Бапчор. ев/

ФОТО: МИА Архива 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR