Поради дефект без вода корисниците од неколку улици во Керамидница
- Поради дефект во шахта на ул. „515“ бб во Ќерамидница, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „520“, „512“ и околните улички околу Ист Гејт
Скопје, 16 јули 2025 (МИА) - Поради дефект во шахта на ул. „515“ бб во Ќерамидница, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „520“, „512“ и околните улички околу Ист Гејт.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:10 часот до завршување со санација на дефектот. сст/
Фото МИА архива