Поплавите во Јужен Судан им се закануваат на 1,4 милиона лица и раселија 379.000 лица
- Маларијата го загрозува „здравствениот систем и ја влошува состојбата и влијанието во подрачјата погодени од поплавите“, се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.
- Post By Сашко Димевски
- 12:40, 9 nëntor, 2024
Најроби, 9 ноември 2024 (МИА) - Поплавите во Јужен Судан погодија 1,4 милиони луѓе и раселија над 379.000, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA).
Агенцијата на ОН предупреди на повторна појава на маларија во неколку региони погодени од лоши временски услови.
Маларијата го загрозува „здравствениот систем и ја влошува состојбата и влијанието во подрачјата погодени од поплавите“, се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.
Јужен Судан се соочува со најголеми поплави во последните децении, особено на северот, наведуваат хуманитарните групи.
Поплавите ги погодија жителите на 43 области на Јужен Судан.сд/
фото:ЕПА