• e shtunë, 09 nëntor 2024

Половичен успех на македонските футсалци против Црна Гора

Половичен успех на македонските футсалци против Црна Гора

 

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) – Македонската репрезентација во футсал оствари половичен успех во двата контролни натпревари што денеска и вчера ги одигра во Скопје против Црна Гора во рамки на подготовките пред стартот претстојните квалификации за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Македонските футсалци вечерва во салата „Јане Сандански“ загубија од црногорската репрезентација со 2-3, откако ден претходно го совладаа истиот противник со 2-1.

Дуелите против Црна Гора за избраниците на селекторот Васил Скендеровски беа подготовка за претстојните евроквалификации во кои Македонија е дел од групата 7 и за противници ќе ги има актуелниот европски првак Португалија, Холандија и Андора.

Во воведното коло Македонија ќе ѝ гостува на Холандија на 13 декември, а до крајот на оваа календарска година ќе ја пречека Андора на 18 идниот месец,

Пласман на Европското првенство кое од 18 јануари до 8 февруари 2026 година ќе се одржи во Летонија и Литванија ќе обезбедат првопласираните репрезентации во десетте квалификациски групи, а осумте најдобро второпласирани селекции ќе играат плејоф за преостанатите четири места на завршниот турнир. ег

ФОТО: ФФМ

QËNDRONI TË LIDHUR