• e premte, 03 janar 2025

Позитивни моменти кои се случија во 2024 година

Позитивни моменти кои се случија во 2024 година

Вашингтон, 31 декември 2024 (МИА) - 2024 веројатно изгледаше како уште една тешка година, но не беше целосно исполнета со кризи. Имаше значајни постигнувања во науката, заштитата на животната средина и индивидуалните подвизи, посочува Вашингтон Пост.

Ослободување од потенцијално смртоносна болест
Чад стана 51. земја која ја искорени тропската болест „спиечка болест“. Со повќегодишни напори за подобрување на надзорот, тестирањето и контролата на инсектите, земјата ја елиминира оваа болест.

Новини во медицината
Во САД, ФДА одобри терапии што ги користат клетките на пациентите за борба против рак и нов лек за шизофренија со помалку несакани ефекти. Исто така, револуционерни техники за поправка на 'рскавица ја намалија потребата за целосни операции на колената.

Мали чекори за големи промени
Истражувања покажаа дека дури и мали активности како пет минути дополнително вежбање дневно можат да го подобрат здравјето. Тренинзи се препорачуваат дури и во подоцнежни години за спречување на слабост.

Индивидуални успеси
На Олимписките и Параолимписките игри беа поставени многу рекорди. Надвор од арените, 99-годишна жена од Канада постави три светски рекорди во пливање, а 105-годишна Американка дипломираше на Стенфорд.

Знаци на надеж за климата
Во Исланд се отвори најголемата фабрика за извлекување јаглерод диоксид од воздухот. Норвешка стана прва земја со повеќе електрични отколку бензински возила. Иберискиот рис веќе не е загрозен, а пет ретки врани од Хаваи беа пуштени на слобода. ссм/

фото: пиксабеј

QËNDRONI TË LIDHUR