• e premte, 18 tetor 2024

Пожарникарите и Општина Гевгелија апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од пожари во текот на грејната сезона

Пожарникарите и Општина Гевгелија апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од пожари во текот на грејната сезона

Гевгелија, 17 октомври 2024 (МИА) - Територијалната противпожарна единица и Општина Гевгелија упатуваат апел до граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран за поголемо внимание од пожари во текот на грејната сезона, која започна на 15 октомври.

Се апелира до граѓаните за преземање соодветни мерки и активности за одржување на оџаците на зградите и куќите и димоводните уреди преку редовни прегледи и чистење од саѓи, а пепелта од грејните тела да не се фрла во контејнерите за одлагање отпад, поставени на јавно-прометните површини.

-Да се избегнува неправилно складирање на запалливи течности, гасови и цврсти запалливи материи, да се врши проверка на електричната инсталација, грејните тела, апаратите и уредите во домаќинствата и институциите, како и да се избегнува преоптовареноста на електричните инсталации, премостување на осигурувачи и да се внимава на кратки споеви и електрично искрење. Потоа, редовно да се контролира исправноста на хидрантите, да се одржуваат противпожарните апарати и да се врши примена на другите мерки за заштита од пожари во институциите како што се училишта, болница, градинки, спортски сали, индустриски и станбени објекти, но и да се одржува проодноста до станбените згради и проодноста на скалите за брза интервенција на ТППЕ- Гевгелија доколку има потреба, стои во апелот на Општина Гевгелија и ТППЕ Гевгелија. рт/мд/

Фото: МИА архива и Општина Гевгелија

QËNDRONI TË LIDHUR