Поголемата подготвеност и заштита на ранливите категории, тема на средбата меѓу ЦУК и УНИЦЕФ
- Директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, денеска имаше работна средба со регионалната специјалистка за итни ситуации, Река Шреста, и претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Лесли Милер.
Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, денеска имаше работна средба со регионалната специјалистка за итни ситуации, Река Шреста, и претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Лесли Милер.
На средбата, како што информираат од ЦУК, се разговараше за подготвеноста на националните системи за справување со итни ситуации и можностите за понатамошно зајакнување на соработката меѓу институциите и УНИЦЕФ, особено во делот на заштита на децата, лицата со попреченост и ранливите семејства во кризни и хуманитарни ситуации.
Директорот Али ја нагласи важноста од координиран и заеднички пристап во јакнењето на системите за управување со кризи и изрази подготвеност за натамошно унапредување на партнерството со УНИЦЕФ.вј/
Фото: ЦУК