Мицкоски: Светска криза е, но имаме поефтино гориво во споредба со Албанија, Србија, Грција и Бугарија
- Што значи дека од соседите, пред се мислам на јужната, западната и северната граница, граѓаните доаѓаат кај нас да точат горива. И кога ќе ги направите анализите за цената на горивото, тогаш доаѓате до заклучок дека ние како држава во моментот имаме најевтино гориво споредено со сите земји во регионот. Денес кога го снимаме ова интервју, дизелот по литар на бензинските пумпи кај нас се точи за 1,39 евра, а кај нашиот западен сосед Албанија е 1,79 евра за литар, кај нашиот северен сосед Србија е 1,73 евра за литар, а кај нашиот јужен сосед Грција е 1,59 евра по литер, додека обичниот дизел, кај нашиот источен сосед Бугарија е повторно поскап од кај нас, но не толку 1,41 евро за литер, посочи Мицкоски.
You need to login to view this page