• e premte, 27 dhjetor 2024

Петрушевски: Груби и ДУИ никогаш не беа ниту за Албанците, ниту за Македонците

Петрушевски: Груби и ДУИ никогаш не беа ниту за Албанците, ниту за Македонците

Скопје, 26 декември 2024

Груби и ДУИ се криеја зад Албанците за да крадат, а СДС знаеше и молчеше за да владеат.

Груби и ДУИ ги злоупотребуваа Албанците.

Додека Груби крадеше, ДУИ ги лажеше Албанците дека се бори за нив, а всушност со секој поминат ден беше причина повеќе тие исто како и Македонците да си заминуваат од државата.

Груби и ДУИ никогаш не беа ниту за Албанците, ниту за Македонците, туку за џебот на поединци.

СДС знаеше за криминалот на Груби, го толерираше од две причини: Прво, затоа што му се приклучи, и второ затоа што така се држеа на власт.

Груби и ДУИ знаеја дека во никоја друга комбинација нема да можат така да крадат и го држеа СДС на власт.

Коалицијата СДС и ДУИ беше брак од интерес за грабеж на Македонија.

СДС и денес продолжува да одработува за Груби, смислувајќи разни приказни.

Реалноста е дека тие го создадоа Груби, овозможија да краде и ја ограбија здружно државата. Тоа сите го знаат.

Наместо да се брукаат со пресконференции, да излезат и да го повикаат да се врати, а потоа да им се извинат на граѓаните.

Интегрален текст од прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

QËNDRONI TË LIDHUR