• e enjte, 27 qershor 2024

Петровска: Со единство ќе го вратиме СДСМ на победничките патеки 

Петровска: Со единство ќе го вратиме СДСМ на победничките патеки 

Скопје, 25 јуни 2024

Денеска пред членовите на СДСМ од Велес кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска ги претстави клучните приоритети од програмата „Манифест за социјалдемократијата“.

„СДСМ е државотворна партија и повторно ќе се врати на победничките патеки онаму каде што припаѓа. Тоа ќе го постигнеме само ако сме обединети и ако постојано го слушаме нашето членство. Тоа, јас како иден претседател, се обврзувам да го правам, да ги слушам членовите кои како што го избираат претседателот на партијата, така ќе ги избираат и претседателите на општинските организации, но и идните пратеници, советници, градоначалници. Ако заедно работи ако се слушаме еден со друг, ќе успееме, заедно ќе го вратиме СДСМ на кормилото на државата" порача Петровска.  


Изборите за нов претседател на СДСМ се закажани за в недела 30 јуни.

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

QËNDRONI TË LIDHUR