Меѓународна конференција „Од логаритмар до вештачка интелигенција“ по повод 75 години од основањето на Градежниот факултет
- Градежниот факултет како составен дел на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје годинава слави 75 години од основањето. Одбележувањето на јубилејот почна синоќа со Свечена академија во Филхармонија, а продолжува денеска со Меѓународна конференција „Од логаритмар до вештачка интелигенција“.
- Post By Сашо Арсовски
- 07:12, 4 tetor, 2024
Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Градежниот факултет како составен дел на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје годинава слави 75 години од основањето. Одбележувањето на јубилејот почна синоќа со Свечена академија во Филхармонија, а продолжува денеска со Меѓународна конференција „Од логаритмар до вештачка интелигенција“.
На конференција ќе бидат презентирани монографијата издадена по повод јубилејот, во која се содржани основните податоци за развојниот пат и сегашните состојби на Факултетот, како и најновите научно-истражувачки достигнувања на наставниот кадар.
Во рамки на меѓународната соработка на Градежниот факултет, во моногграфијата се застапени и соработници од странство кои се поканети на одбележувањето.
Во поглавието „Пријатели на Градежниот факултет”, пак, со свои реализирани достигнувања, иновации или реклами се претставени и деловни партнери од земјата и странство.са/
Фото: плакат