• e shtunë, 26 tetor 2024

Петковиќ по трилатералaта во Брисел: Имавме мачна средба со Бисљими, инсистиравме на формирање на ЗСО

Петковиќ по трилатералaта во Брисел: Имавме мачна средба со Бисљими, инсистиравме на формирање на ЗСО

Белград, 24 октомври 2024 (МИА)- Директорот на сспската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, во Брисел, по денешната трилатерална средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, и главниот косовски преговарач, Бесник Бисљими, изјави дека разговорите биле мачни и дека Србија, како и секогаш, инсистирала на формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белград.

-Средбата со Бисљими беше болна, бидејќи Приштина одбива да разговара за предлозите на Белград. Суштината на сите договори и од Брисел и од Охрид е формирање на Заедницата на српски општини и тоа е основа за нормализација на односите, рече Петковиќ.

Тој изјави и дека се разговарало за спроведувањето на Декларацијата за исчезнати лица, на што Приштина давала различни коментари, обидувајќи се да го запре и тој процес.

Српската делегација го поставила и прашањето и зошто ако е укината забраната за влез на стоки од централна Србија на Косово, стотици камиони се уште чекаат на административниот премин Мердаре.

-Разговаравме и за теророт на Албин Курти и за етничкото чистење што властите во Приштина го спроведуваат врз Србите. Укажавме на се позачестеното сексуално вознемирување на Србинките од Албанците. Сведоштвата на тие жени ги доби и КФОР и сите други меѓународни организации од кои бараме да престанат со малтретирањето на Србинките, рече Петковиќ.

Тој кажа и дека Мирослав Лајчек порачал да ќе ги покани Белград и Приштина на нова рунда дијалог во Брисел пред крајот на годината. об/

QËNDRONI TË LIDHUR