Песков: Сакаме да работиме на мир, а не на прекин на огнот
- Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва инсистира на мир, а не на прекин на огнот, и ја отфрли идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување референдум за територијалното прашање.
Москва, 12 декември 2025 (МИА) – Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва инсистира на мир, а не на прекин на огнот, и ја отфрли идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување референдум за територијалното прашање.
- Ако идејата е да се создаде изговор за барање прекин на огнот, пауза на фронтот, тогаш природно нема да функционира. Бидејќи сакаме да работиме на мир, а не на прекин на огнот, рече Песков.
Портпаролот на Кремљ истакна дека прекинот на огнот би бил „измама и трик“ и оти мирот во Украина мора да има „сигурни гаранции“. јт/
Фото: ЕПА