• e martë, 16 dhjetor 2025

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје

Москва, 16 ноември 2025 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија не сака привремено примирје што би ѝ дало пауза на Украина за да ја продолжи војната, туку целосен мир.

„Ние сакаме мир. Не сакаме примирје за да ѝ дадеме пауза на Украина и да ја подготвиме за продолжување на војната“, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи го предлогот на Киев за божиќно примирје.

Песков додаде дека Москва ќе учествува во разговорите само ако постои искрена желба за постигнување траен договор.

„Доколку Украинците го заменат постигнувањето договор со краткорочни, неодржливи решенија, малку е веројатно дека ќе бидеме подготвени да учествуваме“, рече тој.

Според него, руската позиција е јасна, конзистентна и добро позната на САД и Украина.

„Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели и да обезбедиме мир во Европа за иднината“, додаде Песков. мс/сд/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR