Песков: Дискусијата за можно испраќање војници од земјите на НАТО во Украина е опасен тренд
- Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека дискусијата за можното испраќање војници од земјите членки на НАТО во Украина е „опасен тренд“.
- Post By Марија Спасовска
- 19:54, 17 mars, 2025

Москва, 17 март 2025 (МИА) - Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека дискусијата за можното испраќање војници од земјите членки на НАТО во Украина е „опасен тренд“.
Песков одговори и на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека на Европската унија не и е потребна согласност од Русија за испраќање војници во Украина, велејќи дека тоа е апсолутно неточно.
-Распоредувањето на мировници и други контингенти на која било територија е можно само со согласност на страните, додаде тој.
Макрон претходно рече дека ЕУ сака да испрати неколку илјади војници од одделни земји во клучните области за да спроведат програми за обука и да покажат долгорочна поддршка за Украина. мс/
фото: ЕПА