• e martë, 12 nëntor 2024

Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите

Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите

Вашингтон, 9 ноември 2024 (МИА) - Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, изјави дека демократите можеби ќе се снајдоа подобро на изборите доколку претседателот Џо Бајден порано се откажеше од својата кандидатура.

Пелоси, една од најмоќните политичарки во Вашингтон, изјави за Њујорк Тајмс дека доколку претседателот се откажал порано, можеби ќе имало други кандидати во трката.

Нејзините коментари се последниот пример на покажување прст внатре во Демократската партија, откако партијата ја загуби контролата врз Белата куќа и потенцијално двата дома на Конгресот на изборите.

Медиумите јавуваат дека Пелоси ги предводела разговорите меѓу демократите за убедување на Бајден да се повлече, што тој и го направи на крајот на јули по неколкунеделниот притисок и слабиот настап на дебатата со Доналд Трамп.

Откако Бајден ја заврши својата кампања, тој брзо ја поддржа потпретседателката Камала Харис како негова замена.

Пелоси тогаш за Њујорк Тајмс изјави дека  очекувањата биле дека ако претседателот се повлече, тоа ќе овозможи отворени предизбори. Отворените предизбори би вклучиле неколку демократски кандидати кои ќе се бореа за избор меѓу членовите на партијата за да станат наследник на Бајден во трката за Белата куќа.

Пелоси тврдеше дека Харис најверојатно ќе беше успешна во таков еден процес и дека тоа ќе ја направеше посилна во иднина.

-Но, ние не можеме да го знаеме тоа. Тоа не се случи. Живееме со тоа што се случи, рече конгресменката од Калифорнија, која беше реизбрана за својот 20-ти мандат во Претставничкиот дом.

„И бидејќи претседателот веднаш ја поддржа Камала Харис, тоа во тој момент ги направи предизборите речиси невозможни. Да се ​​случеше порано, ќе беше поинаку“, оцени таа.сд/

фото:ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR