• e mërkurë, 05 shkurt 2025

Пелегрини: Владејачката коалиција ниту размислува ниту подготвува излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Пелегрини: Владејачката коалиција ниту размислува ниту подготвува излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Братислава, 4 февруари 2025 (МИА) - Владејачката коалиција ниту размислува ниту подготвува излегување на Словачка од ЕУ и НАТО, објави денеска претседателот на земјата, Петер Пелегрини, цитиран од словачка новинска агенција.

Пелегрини говореше по средбата со лидерите на партиите од владејачкото мнозинство, како и со лидерот на главната опозициска коалиција.

Претседателот истакна дека загриженоста на луѓето кои протестираат во земјата дека Словачка може да ги напушти ЕУ и НАТО е неоснована.

„Од оваа наша заедничка средба стана јасно дека никој, ниту од коалициските партии, ниту лидерот на опозицијата, нема интерес Словачка да ја напушти Европската Унија и НАТО. Никој не планира такво напуштање, никој не го организира и никој дури не ја предвидува иднината на Словачка надвор од овие две организации“, рече Пелегрини.

Според него, сепак сите ги препознаваат предизвиците и проблемите со кои ќе треба да се соочат ЕУ и НАТО во иднина.

„Живееме во многу турбулентни времиња. Се случуваат геополитички промени, а политичките системи се менуваат“, истакна Пелегрини.

Тој рече дека денешната тркалезна маса ја свикал главно на барање на опозициските партии, кои изразиле загриженост за случувањата во надворешната политика на Словачка. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR