• e shtunë, 13 dhjetor 2025

Патник на аеродромот во Франкфурт имал над 11.000 дијаманти во рачниот багаж

Патник на аеродромот во Франкфурт имал над 11.000 дијаманти во рачниот багаж

Франкфурт, 12 декември 2025 (МИА) – Царинските службеници пронајдоа над 11.270 дијаманти во рачниот багаж на патник на аеродромот во Франкфурт, Германија.

Дијамантите биле скриени под лажно дно во торбата, соопштија денеска царината и федералната полиција.

Вредноста на суровите дијаманти првично била нејасна и мора да биде утврдена од експерт, пренесе ДПА.

Мажот (53) кој долетал од Ангола во Франкфурт, бил уапсен и притворен во истражен затвор. Тој не ги пријавил дијамантите при влезот како што е потребно, а исто така не можел да приложи ниту неопходен сертификат. јт/сд/

Фото: ДПА

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR