• e shtunë, 19 tetor 2024

Париз го оцени како „многу алармантно“ зголемувањето на севернокорејската воена поддршка за Русија

Париз го оцени како „многу алармантно“ зголемувањето на севернокорејската воена поддршка за Русија

Париз, 18 октомври 2024 (МИА) - Зголемувањето на воената поддршка на Северна Кореја за Русија е „многу алармантно“, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Јужнокорејското разузнавање претходно соопшти дека Северна Кореја распоредила првичен контингент од 1.500 специјалци во Владивосток и наскоро ќе испрати уште повеќе.

„Зголемувањето на севернокорејската соработка и поддршката за руските воени напори во Украина е многу алармантно“, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Кристоф Лемуан.

Според него, доколку оваа информација на јужнокорејското разузнавање се покаже како вистинита, тоа ќе биде крајно алармантен и сериозен развој на настаните.

„Ние можеме само да ги повикаме Северна Кореја и Русија да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност на ОН“, коментираше и портпаролот.

„НАТО во оваа фаза не може да потврди дека Северна Кореја распоредила војници во Русија“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. рп/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR