Папа Франциск: Конфликтот во Украина е „болен, срамен за целото човештво“
- Папата Франциск, по повод три години од почетокот на војната во Украина, од болница вчера порача дека судирот е „болен, срамен за целото човештво“ и оти се моли за мир

Ватикан, 24 февруари 2025 (МИА) – Папата Франциск, по повод три години од почетокот на војната во Украина, од болница вчера порача дека судирот е „болен, срамен за целото човештво“ и оти се моли за мир.
Тој изрази солидарност со жртвите во Украина и во другите вооружени судири.
- Додека ја повторувам мојата солидарност со напатениот украински народ, ве повикувам да се сеќавате на жртвите од сите вооружени конфликти и да се молиме за мир во Палестина, во Израел и на целиот Блиски Исток, во Мјанмар, во Киву и во Судан, истакна папата Франциск.
Тој од 14 февруари е во римската болница Гемели, поради пневмонија. ми/
фото; ЕПА