• e diel, 28 korrik 2024

Осум жртви откако автомобил удри во пешаци во град во централна Кина

Осум жртви откако автомобил удри во пешаци во град во централна Кина

Пекинг, 27 јули 2024 (МИА) – Автомобил удрил во толпа луѓе во централниот кинески град Чангша при што загинале осум лица, јавија државните медиуми.

Според новинската агенција Синхуа, уште петмина се повредени, од кои тројца потешко.

По инцидентот рано утрово, 55-годишниот возач е приведен.

Сè уште не се познати точните околности на инцидентот, пренесе ДПА. јт/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR