• e premte, 08 nëntor 2024

Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики

Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики

Атина, 8 ноември 2024 (МИА) – Во планинското село Таксиархис на вториот крак на Халкидики, односно во селото на елките, како што го нарекуваат, вчера беше свечено осветлена новогодишната елка, што традиционално секоја година е првата елка во Грција што се осветлува, јави дописничката на МИА од Атина.

Новогодишната елка, поставена на централниот плоштад во селото, со висина од 13 метри, украсена е со 20.000 светилки, а осветлувањето секоја година е во пресрет на празникот Свети Архангел Михаил.

- Тоа е мало село, со околу 500 – 600 постојани жители, каде што сите се занимаваат со производство на елки. За осветлувањето на новогодишната елка имаме организирани тури и десетици посетители. Карактеристично е тоа што доаѓаат толку луѓе, како уште едно село, вели за грчката новинска агенција АНА – МПА заменик градоначалникот за култура, спорт и туризам на општина Полигирос, Јанис Лелејанис.

Новогодишната елка што се поставува во центарот на Солун, традиционално, секоја година е токму од селото Таксиархис на Халкидики. ср/мс/

QËNDRONI TË LIDHUR