• e shtunë, 22 shkurt 2025

Општина Ѓорче Петров почнува акција за управување со отпадни гуми

Општина Ѓорче Петров почнува акција за управување со отпадни гуми

21 февруари 2025

Општина Ѓорче Петров започнува нова акција за управување со отпадни гуми, прва од ваков тип во Македонија, со цел намалување на загадувањето на воздухот и животната средина.

Општина Ѓорче Петров продолжува со посветеноста на заштита на животната средина, започнувајќи со нова и иновативна акција за управување со отпадни гуми. Со оваа иницијатива, Општината станува првата во земјата која системски пристапува кон решавањето на овој голем проблем со загадување.

Поради несоодветното однесување на дел од граѓаните, старите гуми често се оставаат во диви депонии и покрај контејнерите, што има сериозен негативен ефект врз околината и квалитетот на воздухот. Одговорноста за управување со овие гуми сега е на локалната власт, која обезбедува соодветен простор за нивно оставување во Комуналниот Пункт на Општина Ѓорче Петров, кај „Камин Камa“.

„Секојдневно се трудиме преку нашите служби да собираме гуми од диви депонии и околината на контејнерите. Секој овие акции претставуваат еден мал чекор, но значаен за подобрување на животната средина во нашата општина“, изјави градоначалникот на Ѓорче Петров, д-р Александар Стојкоски. „Со новата соработка со компанијата за управување со отпадни гуми, во континуитет ќе обезбедиме подигнување и соодветно третирање на овие гуми, што ќе спречи нивно незаконско палење и загадување.“

Оваа акција има за цел не само да го спречи горењето на старите гуми, туку и да ја намали можноста за создавање нови диви депонии. Граѓаните се повикуваат да соработуваат и да ги остават старите гуми на претходно утврденото место, со што ќе придонесат за почиста и поздрава околина.

Општина Ѓорче Петров со оваа акција испраќа јасен сигнал дека е подготвена да преземе акција за секој проблем кој го загрозува здравјето на своите жители и животната средина. Заедно со граѓаните, општината ќе продолжи да создава нови можности за одржлив развој и чиста околина.

Општина Ѓорче Петров

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

QËNDRONI TË LIDHUR