• e martë, 11 shkurt 2025

Општина Тетово објави повик за предлози за преименување на улиците

Општина Тетово објави повик за предлози за преименување на улиците

Тетово, 10 февруари 2025 (МИА) – Општина Тетово на нивната веб-страница и на социјалните мрежи го објави повикот за прибирање предлози за преименување на улици кои веќе имаат определено име и именување на новите улици. Јавниот повик ќе трае еден месец, од денеска до 10 март 2025 година.

- Се известуваат и се повикуваат сите граѓани, правни лица, претставници на невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти што ги претставуваат различните групи на граѓани на подрачјето на Општина Тетово, заради обезбедување инклузивност и вклучување на јавноста, да учествуваат со достава на предлози за преименување на улици во Општина Тетово, кои веќе имаат определено име и именување на новите улици, се вели во повикот.

Граѓаните своите предлози може да ги поднесат преку три начини. Едниот е пополнување на прашалникот по електронски пат, односно користење на линк до прашалник поставен на веб-страницата на Општина Тетово. Прашалникот може да се спушти во ПДФ формат и да се пополни па да се достави или преку пошта или лично во архивата на општината. ас/цр


Фото: Општина Тетово

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR