• e diel, 09 mars 2025

Општина Кисела Вода го одбележува 8 Март со цвеќиња и пораки за жените

Општина Кисела Вода го одбележува 8 Март со цвеќиња и пораки за жените

Скопје, 8 март 2025 (МИА) - Во неколку поголеми паркови низ Општина Кисела Вода, на иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се спроведува акција во која на жените им се подаруваат цвеќиња и мотивирачки пораки како симбол на почитта, на заложбите за родовата еднаквост и вреднувањето на нивната улога во сите сфери на животот по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март.

Како што соопштуваат од општината, на настанот покрај градоначалникот Ѓорѓиевски, присуствуваат министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Советот на Општината, Светлана Колариќ, како и повеќе советници и претставници од општината.

- Денес е уште еден ден кога ја славиме силата и посветеноста на жените. Тие се носители на промени, двигатели на напредокот и темел на секое семејство. Како општина, активно работиме на политики кои обезбедуваат еднакви можности и подобри услови за жените. Денешното присуство на министрите само потврдува дека родовата еднаквост е заеднички приоритет и на локално и на национално ниво. Со оваа акција сакаме да упатиме порака дека жените заслужуваат поддршка, признание и почит секој ден. Среќен 8 Март на сите дами, изјавил градоначалникот Ѓорѓиевски.

Оттаму дополнуваат дека во духот на празникот, низ општината и на автобуските постојки се поставени симболични пораки и цветни подароци, кои носат порака на признание и почит кон жените.ар/лв/
Фото:МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR