Општина Горче Петров: Првата училишна спортска сала во населба Хром станува реалност
- СООПШТЕНИЕ - Општина Ѓорче Петров продолжува со успешно реализирање на проектот за изградба на првата училишна спортска сала во населба Хром. Денес, на терен, се поставуваат челичните решетки од кровната конструкција, што претставува еден од клучните чекори во завршувањето на овој долгочекуван објект.
- Post By Сашо Арсовски
- 10:53, 10 shkurt, 2025
10 февруари 2025
Општина Ѓорче Петров продолжува со успешно реализирање на проектот за изградба на првата училишна спортска сала во населба Хром. Денес, на терен, се поставуваат челичните решетки од кровната конструкција, што претставува еден од клучните чекори во завршувањето на овој долгочекуван објект.
„Ветувањето дадено пред жителите на Хром, денес е во процес на реализација,“ изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. За првпат во историјата на оваа населба, учениците ќе добијат услови за спортски активности во модерна и опремена сала, која досега им беше недостапна.
Проектот за изградба на спортската сала ќе обезбеди не само простории за физичко образование, туку и гардеробери, санитарии и хортикултурно уредување на околниот простор. Со вкупна инвестиција од 19.730.131,00 денари со ДДВ.
До сега, околу 40% од работите се успешно реализирани, вклучувајќи завршени темели и армирано-бетонски греди, што овозможи поставување на кровната конструкција. Овој проект е само еден во низата на значајни инвестиции на Општина Ѓорче Петров, кои ја потврдуваат посветеноста на градоначалникот Стојкоски во подобрувањето на условите за живот и образование во општината.
Покрај изградбата на спортската сала, Стојкоски најави дека во подготовка е и проектот за доградба на училиштето, кој ќе обезбеди услови за едносменска настава – уште една важна иницијатива која ќе ја подобри образовната инфраструктура. „Продолжуваме да работиме за иднината на нашите деца. Секоја инвестиција во образованието е инвестиција во подобра иднина за целата заедница,“ додаде тој.
Со оваа инвестиција, Хром не само што добива спортска сала, туку и дополнителни можности за напредок во образованието на децата.
Општина Ѓорче Петров
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.