• e martë, 16 dhjetor 2025

Општина Василево ги исплати субвенциите за велосипед, новороденче и прваче

Општина Василево ги исплати субвенциите за велосипед, новороденче и прваче

Василево, 16 декември 2025 (МИА) - Општина Василево ги исплати субвенциите на граѓаните кои имаа поднесено барања и доставено комплетна документација по објавените јавни повици за новороденче, купување велосипед и прваче во тековната 2025 година, информираа од локалната самоуправа.

-Субвенциите по сите основи се исплатени на сметките на граѓаните на Општина Василево. Ги потпишав решенијата за исплата на субвенции за нашите првачиња, набавка на велосипеди и новороденчиња. Парите во буџетот на Општина Василево се пари на граѓаните и затоа се враќаат повторно кај нив, се наведува во пренесената изјава на градоначалникот Славе Андонов.

Инаку, во текот на 2025 година Општина Василево објави три посебни јавни повици за доделувањње еднократна парична помош - за субвенционирање за купување на нов велосипед со субвенционирање до 50 отсто од цената на велосипедот, но не повеќе од 6.000 денари, за новороденче родено во 2025 година во висина од 5.000 денари и за еднократна парична помош за семејства кои во учебната 2025/2026 година имаат запишано ученик во прво одделение во висина од 2.500 денари.рт/вј/

Фото: Општина Василево

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR