• e hënë, 02 mars 2026

Општина Битола со поддршка на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории

Општина Битола со поддршка на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории

Битола, 2 март 2026 (МИА) - Општина Битола со средства од локалниот буџет ќе поддржи спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат деца од ранливи категории.

Од Општина Битола информираат дека за оваа активност обезбедени се 100.000 денари, а може да ја користат деца со попреченост и деца од семејства корисници на гарантирана минимална помош.

Евалуацијата на апликациите ќе ја врши посебна општинска комисија, а доделените средства ќе се мониторираат за секое дете посебно врз основа на месечен извештај од клубот со кој се потврдува најмалку 50 проценти учество на детето на тренинзи организирани од клубот. 

Јавниот повик е отворен до 13 март, до кога до Општина Битола родителите на деца од ранливи категории треба да достават комплетна документација, нагласуваат од тамошната локална самоуправа. мт/дма/

Фото: МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR