• e premte, 14 mars 2025

Од 17 март пренасочување и регулација на сообраќајот на дел од експресниот пат Градско – Дреново

Од 17 март пренасочување и регулација на сообраќајот на дел од експресниот пат Градско – Дреново

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Од 17 март до 4 април 2025 година ќе се изврши пренасочување и регулација на сообраќајот на делови од експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Пренасочувањето на сообраќајот, како што информира СТРАБАГ АГ - Подружница СТРАБАГ Скопје е согласно одредбите од договорот и во согласност со „Одобрение за времена измена на режим на сообраќај за време на монтажа на дилатација на еластична одбојна ограда на вијадукти и мостови на експресниот пат А1, делница Градско – Дреново“, со број 11-уп-14/4 издадено на 5 март 2025 година од Министерството за транспорт. мд/дма/

Фото: МИА архива 

 

QËNDRONI TË LIDHUR