Одржан годишен концерт на КУД "8 Октомври" Крива Паланка
- Со премиерната изведба на сценската адаптација "Лазарици" и ороводни песни "Китче ми падна" синоќа во Националната установа Центар за култура Крива Паланка беше отворена програмата на целовечерниот концерт на културно уметничкото друштво "8 Октомври". Кореографијата на сценската адаптација што потекнува од источниот регион на етничкиот предел на Славиште беше за првпат претставена пред јавноста, а одговорните ја подготвија во соработка со професорот Владимир Јаневски.
Крива Паланка, 22 декември 2024 (МИА) - Со премиерната изведба на сценската адаптација "Лазарици" и ороводни песни "Китче ми падна" синоќа во Националната установа Центар за култура Крива Паланка беше отворена програмата на целовечерниот концерт на културно уметничкото друштво "8 Октомври".
Кореографијата на сценската адаптација што потекнува од источниот регион на етничкиот предел на Славиште беше за првпат претставена пред јавноста, а одговорните ја подготвија во соработка со професорот Владимир Јаневски.
-Сценската адаптација е резултат на проектот што Национална установа Центар за култура го реализираше во областа на фолклорната дејност, "Работилници за традиционално пеење" под менторство на Тијана Јаневска. Публиката во преполната сала уживаше и во сценската адаптација "Победи коло танчријо" и "Игри и песни од Дурачка Река", традиционалниот дел беше придружуван од изворни инструменти: гајда, тапан, дудуче и кемане . Во вториот дел од годишниот концерт настапија младите фолклористи со кореиграфиите "Малешевка" и "Моме Митро" од авторот Јовица Блажевски, "Драчевска", "Тресеница" и "Игри и песни од источна Македонија, информираат од НУ Центар за култура Крива Паланка.
На крајот, како заокружување на концертот, на сцената премиерно беше изведена и сценската адаптација "Жетварка".
КУД "8 Октомври" е друштво со пет деценииска традиција, чувар на битот, традицијата, македонскиот фолклор и култура, културен амбасадор на градот и државата во национални и меѓународни рамки. ид/аа/
Фото: НУ Центар за култура Крива Паланка