Одбележување 80 години слободно Драчево и формирање на 12-тата Скопска ударна бригада
- СООПШТЕНИЕ - Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Здружението на продолжувачи на борци од Кисела Вода ја открија спомен-плочата, подигната во чест на загинатите партизани кои учествувале во битките за ослободување на Драчево и Скопје.
- Post By Сашо Арсовски
- 11:48, 12 nëntor, 2024
12 ноември 2024
Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Здружението на продолжувачи на борци од Кисела Вода ја открија спомен-плочата, подигната во чест на загинатите партизани кои учествувале во битките за ослободување на Драчево и Скопје.
- Почитувани, најпрво дозволете ми да го честитам денешниот ден, 12 ноември – Денот на ослободувањето на Драчево и денот кога во 1944 година во селото Војница, велешко, се формирала дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада. Пред 80 години на овој ден, храбрите партизани не ги штедеа своите животи за слободата на наше славно Драчево, а ден потоа – и за слободата на Скопје.На самиот почеток, 500 храбри борци со прилично малку оружје но со голема желба за слобода на Татковината, придружени од Четвртиот скопски партизански одред кој бил составен од полетни младинци, решиле да одат до крај колкава и да биде цената за слобода, ако треба тоа да биде и животот. Првата битка која ги одзела и првите јуначки животи се одвивала на неколку стотина метри од тука, ноќта помеѓу 29 и 30 септември на железничката станица во Драчево, каде при нападот паднале многу жени, дечиња и повозрасни лица кои пожртвувано јуришале.На оваа битка и храброста на партизаните се препишува заслугата што хидроцентралата Матка останала неурната. Веднаш по ослободувањето на Драчево, хероите се упатиле во битка за ослободување на Скопје и на 13 ноември, во најтешката и најкрвавата битка, храбрите партизани од Дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада ја донеле слободата на главниот град. Во борбите за ослободување на Драчево и Скопје паднале многу херои кои чии имиња се трајно врежани во колективната меморија на македонскиот народ. Чест ми е што денес тука, ја откриваме спомен-плочата која ќе остане да сведочи за храбрите македонски воини кои го положија животот пред олтарот за слободата на Македонија. Нивното херојство ќе остане наш аманет да го пренесеме на генерациите после нас.Нека им е вечна слава! - истакна Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.