Објавени наградите на 70. Стеријино позорје, МНТ доби специјална награда за колективна актерска игра за преставата „Народен пратеник“
- Македонскиот народен театар, по одлука однесена едногласно на жирито, ја доби специјалната Стеријина награда за колективна актерска игра да за претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин.
Белград, 3 јуни 2025 (МИА) - Во Српскиот народен театар во Нови Сад вечерва ќе бидат доделени наградите од 70-то издание на фестивалот Стеријино позорје шѓто се одржа од 26 мај до 2 јуни, јави дописникот на МИА.
Петчлено жири предводено од претседателката, актерката Вања Ејдус, ги објави наградите на 70. издание на Стеријино позорје при што наградата за најдобра претстава ја доби претставата „Белградско трио“, работена според текстот на Горан Марковиќ, а во режија на Матјаж Бергер (Театар „Антон Подбевшек“ Ново Место и Цанкарјев дом Љубљана (Словенија).
Филип Грујиќ и Иван Ергиќ ја добија наградата за најдобар текст на современа драма за „Јазикот на копачката“,(Загрепски театар на младите), додека Борис Лијешевиќ ја доби наградата за најдобар режисер на авторскиот проект „Наличје“ (Црногорски народен театар).
Македонскиот народен театар, по одлука однесена едногласно на жирито, ја доби специјалната Стеријина награда за колективна актерска игра да за претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин.
Изоставувајќи бројни наративни текови, претставата „Народен пратеник“ на Македонскиот народен театар од Скопјe, е сведена на 5 лика и формално поставена во еден чин .
Премиерно беше изведена во октомври лани по повод 80-годишнината од МНТ, а сега е во Нови Сад како дел од натпреварувачката селекција на Стеријно позорје.
Претставата ќе биде изведена и в среда на сцената Раша Павловиќ во Нарониот театар во Белград. зш/
фото МНТ