ОАЕ известуваат за нов ирански напад со ракети и дронови, Иран тврди дека е насочен кон алуминиумската индустрија во Заливот
- Обединетите Арапски Емирати објавија нов напад со ракети и дронови, кој Иран соопшти дека е насочен кон алуминиумската индустрија во земјата од Персискиот Залив.
- Post By Марија Спасовска
- 08:36, 5 prill, 2026
Абу Даби, 5 април 2026 (МИА) - Обединетите Арапски Емирати објавија нов напад со ракети и дронови, кој Иран соопшти дека е насочен кон алуминиумската индустрија во земјата од Персискиот Залив.
„Системите за воздушна одбрана на ОАЕ се активирани како одговор на заканата од ракети и беспилотни летала“, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ, додавајќи дека „звуците што се слушаат во земјата се резултат на тековните операции за пресретнување и неутрализација“.
Иранската војска соопшти дека нападнала објекти на алуминиумската индустрија во Обединетите Арапски Емирати, како и американски воени цели, вклучително и во Кувајт. мс/
фото: Архива