Нетанјаху: Примирјето е само фаза, а не крај на воената кампања
- - Сè уште не сме ги постигнале сите цели и тоа ќе го сториме или со договор или со возобновување на борбените дејствија - истакна Нетанјаху, додавајќи дека примирјето е само една фаза од процесот.
- Post By Сања Костовска
- 21:47, 8 prill, 2026
Ерусалим, 8 април 2026 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран не претставува крај на кампањата против Иран и дека Израел е подготвен да ги обнови борбите во секој момент.
- Сè уште не сме ги постигнале сите цели и тоа ќе го сториме или со договор или со возобновување на борбените дејствија - истакна Нетанјаху, додавајќи дека примирјето е само една фаза од процесот.
Тој увери дека привремениот прекин на огнот во траење од две недели бил „целосно усогласен“ меѓу Вашингтон и Израел, негирајќи дека неговата земја била изненадена од потегот на американскиот сојузник.
И покрај смирувањето на фронтот со Техеран, воените операции во Либан продолжуваат со несмален интензитет. ссм/
фото: архива