• e premte, 21 shkurt 2025

Нови 2.726 случаи на заболени од грип, намалување во однос на претходната недела

Нови 2.726 случаи на заболени од грип, намалување во однос на претходната недела

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Регистрирани се 2.726 нови случаи на заболени од грип од 10 до 16 февруари, што е за 5,3 проценти помалку во однос на претходната недела. Најголем број заболени има во Скопје, односно 616 лица. Потоа следува Битола со 286, Куманово со 249, Струмица - 220, Штип - 184, Тетово - 180, Кавадарци - 165, Охрид - 118, а во останатите региони, бројот на заболени е еднаков или помал од сто.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, денеска во изјава за медиумите препорача граѓаните да избегнуваат собири, да се проветруваат просториите и да се следат останатите препораки. 

Таа посочи дека оваа недела не е регистриран случај со смртен исход.  

Во текот на оваа недела, во шест извештајни единици се регистрира многу ниска, во четири - сезонска, во осум - средна, во пет - висока, а во Дебар, Ресен, Кавадарци, Кратово и Штип - многу висока активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2024/25 година, досега регистрирани се вкупно 14.340 случаи на заболени од грип.

Заклучно со седмата недела од 2025 година, во државава вакцинирани се вкупно 72.291 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип. бд/бак/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR