• e diel, 09 mars 2025

Николоски: Пендаровски арогантно дели ,,ум'' на светски лидери, а сам себе не се гледа

Николоски: Пендаровски арогантно дели ,,ум'' на светски лидери, а сам себе не се гледа

СООПШТЕНИЕ 

8 март 2025 

Стево Пендаровски - човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп. Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели ,,ум'' на светски лидери, а сам себе не се гледа.

Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме ,,проруски" , ,,антизападни" , ,,антиамерикански" , за мене слушам напишале дека сум претставник на ,,иранско - турско - унгарско влијание" и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански.

Стево троши пензијата, не се брукај , не ја руши позицијата  на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!

ЛИНК ОД ФБ СТАТУС НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: 


https://www.facebook.com/share/p/1ARMvutsxb/


Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

QËNDRONI TË LIDHUR