• e premte, 05 dhjetor 2025

Николоски: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти, средба со Караџов и Маринеску во Брисел

Николоски: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти, средба со Караџов и Маринеску во Брисел

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан - Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница. 

На средбата, како што соопшти Министерство за транспорт, се разговарало за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија. 

Николоски информирал дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.

Вицепремиерот Николоски ги запознал соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.

Николоски исто така потенцирал дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.

Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на Министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија. дма/

Фото: Министерство за транспорт

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR