• e martë, 17 mars 2026

Николоски: Директни летови од Охрид до Братислава и Милано, нови туристи и можности за економијата

Николоски: Директни летови од Охрид до Братислава и Милано, нови туристи и можности за економијата

Скопје, 17 март 2026 (МИА) -  Граѓаните од денеска може да летаат директно од аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Како што истакнува во објава на „Фејсбук“, овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.

- Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и на Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветени на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри - истакнува вицепремиерот Николоски.лв/са/

Фото: Фејсбук Александар Николоски 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR