• e premte, 10 janar 2025

Нивото на водата во Охридското Езеро 14 сантиметри под просекот

Нивото на водата во Охридското Езеро 14 сантиметри под просекот

Охрид, 9 јануари 2025 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи е на котата 693,21 метри надморска височина или 14 сантиметри под просекот за јануари.

Состојбата со негативниот водостој на езерото бележи извесно подобрување, откако на почетокот на декември минатата година нивото на водата беше спуштено два сантиметри под дозволениот минимум утврден на 693,10 метри.

Сепак, флуктуацијата на нивото на водата во езерото има негативни последици по многу аспекти, но најмногу се одзразува во крајбрежниот дел што е најважен во езерскиот еко-систем. аб/ев/

ФОТО: МИА

 

QËNDRONI TË LIDHUR