• e diel, 23 mars 2025

Непрописно одлагање градежен отпад од Општина Центар

Непрописно одлагање градежен отпад од Општина Центар

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - JП Комунална хигиена Скопје ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден е забележано непрописно исфрлање градежен отпад, во и околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад од страна на службите на општината Центар.

Со овие дејствија, велат од јавното претпријатие, се намалуваат капацитетите на локациите за одлагање комунален отпад наменети за граѓаните и се креираат диви депонии.

-Градежниот отпад во контејнерите на JП Комунална хигиена Скопје како и во нивната непосредна околина го фрлале вработени во општинските комунални служби при општината Центар, со што директно го прекршиле Законот за јавна чистота и ја загрозиле животната средина, велат од претпријатието. 

JП Комунална хигиена Скопје апелира до градоначалникот на општината Центар дека контејнерите поставени на јавни површини се наменети исклучиво за одлагање мешан комунален отпад. При празнењето на овие контејнери се употребуваат специјални комунални возила коишто се оштетуваат при контакт со градежен отпад.

Градежниот отпад, нагласуваат, се депонира на депонијата Дрисла, за што имаат обврска требало да го направат неговите општински комунални служби, а не истиот да го фрлаат во садовите на JП Комунална хигиена Скопје. Воедно, секое фрлање отпад надвор од контејнерите претставува кршење на Законот за јавна чистота и резултира со загрозување на животната околина и јавното здравје. сст/са/

Фото JП Комунална хигиена Скопје

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR