• e shtunë, 26 tetor 2024

Најстудено утрово во Берово со минус три степени, најтопло во Крушево со осум

Најстудено утрово во Берово со минус три степени, најтопло во Крушево со осум

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во Берово утрово се измерени минус три степени, а во Битола минус еден, пет во Скопје, а најтопло е во Крушево со осум степени.

УХМР соопшти дека има магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала локална облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Фото: МИА

 

QËNDRONI TË LIDHUR