Јавна трибина за „Безбеден град“
- авна трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“, ќе биде одржана денеска во Скопје. На трибината ќе учествуваат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Игор Филков и постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан.
- Post By Сашо Арсовски
- 07:07, 21 shkurt, 2025

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Јавна трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“, ќе биде одржана денеска во Скопје.
На трибината ќе учествуваат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Игор Филков и постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан.
Проектот „Безбеден град“, како што во повеќе наврати изјави министерот Тошковски, е еден од приоритетите на МВР и на Владата, а целта е да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.
На измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците работи меѓуресорска работна група, составена од претставници на МВР, Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје.
Овие законски измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”. Следејќи ги европските стандарди, се предвидува целосна дигитализација на овој процес и исклучување на човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот треба автоматски да ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност.са/
Фото: МИА архива