Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“ во Струга
- Енергетски производни капацитети, преносни и дистрибутивни енергетски системи, обновливи извори на енергија, ИТ ситеми и апликации во електроенергетски постројки, уреди и системи за складирње енергија, одржлив енергетски развој и заштита на животната средина, енергетска ефикасност и паметни енергетски системи, енергетска транзиција и декарбонизација, проектен менаџмент и дигитална трансформација во енергетиката, пазари на енергетски суровини и производи, безбедност при работа и професионален ризик, енергетско инженерство и образование во општество засновано на знаење, ќе бидат темите на конференцијата.
- Post By Мирјана Чакарова
- 07:04, 2 tetor, 2024
Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Во Струга од денеска до 4 октомври ќе се одржува Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, чија цел е споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво.
Конференцијата е посветена на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија, одржлив развој и заштита на животната средина. Поканети се релевантни енергетски компании, претставници од индустријата, истражувачките центри, универзитетите и останати субјекти, како и експерти од земјата и странство, а на отворањето е најавено обраќање на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Енергетски производни капацитети, преносни и дистрибутивни енергетски системи, обновливи извори на енергија, ИТ ситеми и апликации во електроенергетски постројки, уреди и системи за складирње енергија, одржлив енергетски развој и заштита на животната средина, енергетска ефикасност и паметни енергетски системи, енергетска транзиција и декарбонизација, проектен менаџмент и дигитална трансформација во енергетиката, пазари на енергетски суровини и производи, безбедност при работа и професионален ризик, енергетско инженерство и образование во општество засновано на знаење, ќе бидат темите на конференцијата.
По отвопрањето, ќе се одржат панелите „Влијание на обновливи извори на енергија и системи за складирање на електрична енергија на преносната мрежа“ и „Комплексна енергетика во Република Македонија“, како и пленарното предавање „Енергетска состојба и стратегија до 2050 година во областа на нуклеарна енергетикa“.
За утре се предвидени работни сесии на повеќе теми „Енергетска ефикасност и паметни енергетски системи“, „Преносни и дистрибутивни енергетски системи“, „Обновливи извори на енергија, одржлив енергетски развој и заштита на животната средина“, „Проектен менаџмент и дигитална трансформација во енергетиката“,...
-Тематските области се однесуваат на предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор, особено компаниите, инвеститорите и корисниците. Со планираните пленарни сесии, дискусии и реферати ќе се овозможи реална платформа за идентификација на соодветните механизми и активности со цел надминување на проблемите во земјата и регионот, како и зајакнување на меѓусебната соработката, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК) кое е организатор на конференцијата. мч/aa/
фото: ЗЕМАК