• e mërkurë, 01 janar 2025

Започнува кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“

Започнува кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“

Скопје, 29 декември 2024 (МИА) - Националната кампања „Поддршка за згрижувачките семејства“ ќе започне денеска со почеток во 11 часот во ВЕРО Центар.

Кампањата има за цел да оддаде признание на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост, како и да овозможи помош и промени во животите на децата на кои тоа им е најпотребно.

На настанот ќе присуствуваат Ѓоко Велковски, заменик-министер за труд и социјална политика и Петар Денковски, директор на ВЕРО.

Кампањата се спроведува под платформата „ВЕРО за тебе“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика. ар/ев/

Фото:МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR