• e premte, 20 qershor 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода

Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Чаир, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер Сандево, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 06:30 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од од селото Сарај ул.„4“ – пат за селото Љубин кај кафе „Лозана“ во Општина Сарај.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Лазар Трповски“ зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски во Општина Чаир.

Во периодот од 09:00 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат селото Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово во Општина Сопиште.

Во периодот од 10:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите на ул.„Наум Чакаров“ бр.1-5 и ул.„Борис Сарафов“ бр.105-121 во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 12:00 до 13:00 часот без снабдување со елетрична енергија ќе останат корисниците од ул.„1“ во с.Побожје, пат кон Бутел во Општина Чучер Сандево.

Поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Христо Татарчев“ бр.22/4, денеска без вода ќе останат корисниците крак 22 од оваа улица во Општина Кисела Вода. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата. фф/бак/

Фото: МИА Архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR