• e martë, 10 qershor 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без струја делови од четири скопски општини

Без струја делови од четири скопски општини

Скопје, 14 април 2025 (МИА) - Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, корисниците од дел од село Кучково во Општина Ѓорче Петров денеска од 9 до 10.30 часот ќе немаат електрична енергија. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од улиците „Ѓорѓи Сугаре“, „Михаил Чаков“ и „Петар Делјан“ во Општина Кисела Вода, од  9 до 13 часот - корисниците од улиците „Хаџи Трајко“, „Горноврановска“, „Лисец“, „Божин Николов Силни“ и „Горно Лисиче“ во Општина Аеродром.

Од 9 до 16 часот денеска без електрична енергија  ќе останат и корисниците од улиците со броеви 44, 46, 54, 62, 64 и 66 во населба Кисела Јабука, Општина Ѓорче Петров, а од 11 до 13 часот и корисниците од дел од објектите во Касарната Илинден (во близина на Аквадуктот) во Општина Чаир. хс/са/

Фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR