• e mërkurë, 13 nëntor 2024

Поранешни конгресмени и претставници на ИРИ на средби во Собранието

Поранешни конгресмени и претставници на ИРИ на средби во Собранието

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Во посета на Собранието денеска ќе бидат поранешни конгресмени и службеници од Конгресот на САД, претставници на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон и претставници од Канцеларијата на ИРИ во земјава. 

Тие ќе остварат средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши и потпретседателите на Собранието Антонијо Милошоски, Весна Бендевска и Јован Митрески, а потоа и со генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералните секретари на Собранието Никола Ѓошевски, Бобан Стојаноски и Ибуш Јусуфи. ев/бак/

ФОТО: МИА Архива 
 

QËNDRONI TË LIDHUR