• e shtunë, 31 gusht 2024

НАСА одлучи да го намали екипажот на SpaceX за да врати двајца астронаути заглавени на МВС

НАСА одлучи да го намали екипажот на SpaceX за да врати двајца астронаути заглавени на МВС

Вашингтон, 31 август 2024 (МИА)  - НАСА синоќа соопшти дека со претстојниот лет на Меѓународната вселенска станица планира да испрати двајца астронаути на SpaceX за да ослободи места за двајца нивни колеги  кои се наоѓаат на МВС, а кои таму дојдоа со вселенскиот брод  Starliner, на Boeing, но не можат да се вратат на Земјата поради  дефекти на бродот.  

Астронаутите на НАСА - Буч Вилмор и Суни Вилијамс, поранешни воени пробни пилоти - беа испратени на МВС во јуни. Тие ќе се вратат назад и на нивно место ќе дојдат Зена Кардман и Стефани Вилсон на SpaceX.  

Претставници на НАСА оценија дека проблемите со моторниот систем на Starliner се „премногу ризични за враќање на екипажот на Земјата според планираното“ - со Starliner.  

Оваа одлука нанесе сериозен удар на вселенската програма на Boeing, која и онака се судира со тешкотии.  

Вселенскиот брод Crew Dragon на компанијата SpaceX, првично наменет за испраќање на четворица астронаути на МВС, ја одложи својата мисија наречена Crew-9 од 18 август на „не порано од“ 24 септември.  

-Заменетите членови на мисијата Crew-9 - Кардман (командант) и Вилсон (специјалист), ќе го задржат правото на преназначување за учество во идни летови, се вели во соопштението на НАСА.  

Одлуката на НАСА да ја ангажира SpaceX, главен конкурент на Boeing во вселената, за враќање на астронаутите претставува уште еден неуспех за Boeing, американскиот производител на авиони што моментално е во тешка ситуација, и претставува една од најважните одлуки на НАСА во последните години. кб/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR