• e hënë, 15 dhjetor 2025

Намален долгот на карбинското комунално претпријатие „Плачковица“

Намален долгот на карбинското комунално претпријатие „Плачковица“

Штип, 13 декември 2025 (МИА) - Намален е долгот на Јавното претпријатие „Плачковица“ во Општина  Карбинци во последните четири години.

Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов вели дека  од наследениот долг, кој изнесувал 350.000 евра во 2021 година, за четири години вратени се половина, а  најмногу по основ на електрична енергија.

-Имаме една навистина зголемена наплата, но и зголемена ликвидност на самото претпријатие. Она што го наследивме пред четири години беше 350.000 евра долг, најмногу за електрична енергија. Во овој момент овој долг е намален на пола, вели Паунов.

Тој додава дека редовно се исплаќаат плати на вработените, со што ситуацијата се оценува како стабилна.

-Јавното претпријатие „Плачковица“ ги извршува своите секојдневни обврски, функционира на едно нормално ниво, редовно се исплаќа плата. Така ситуацијата е стабилна, но наредниот период треба да се раздолжиме, кон сите оние кај кои во минатото се задолжило претпријатието, потенцира Паунов. вдј/мд/

Фото: МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR