• e martë, 15 prill 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Намален бројот на работници во индустријата

Намален бројот на работници во индустријата

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 4.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 4.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2.6 %, кај Капитални производи за 6.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.3 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 18.0 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2025 година, во споредба со првите два месеца од 2024 е помал за 3.8 %.са/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR